На училиште се шегувале со него поради килажата: Почнал да работи на себе и сега изгледа подобро од сите нив
Е, ова се вика трансформација...
На сите им треба добра мотивација за да ја започнат својата голема трансформација на изгледот. Некои тоа го почнуваат од здравствени причини, некои поради скршено срце, а некои поради шегите од врсниците. Ова момче покажа дека можеш да го промениш изгледот, само ако навистина го сакаш тоа.
На училиште врсниците знаат да бидат многу злобни. Без разлика дали го прават тоа намерно или само мислат дкеа се „кул“, навредите упати до некој поради изгледот може на таа личност да ѝ остави психички последици. Тоа особено се случува кога некој има повеќе килограми. Веднаш е мета за напади. Освен што тука се постојаните навреди и погрдни прекари, никој не сака да се дружи со „оној дебелиот“, а не е ни толку лесно да пронајде момче/девојка.
Ова момчето сето тоа многу добро го знае, бидејќи поради вишокот килограми не бил омилен на училиште и постојано се шегувале со него. Потоа одлучил да стави крај на тоа. Тоа му била мотивација, а дисциплината и доследноста се негов начин на кој од „дебело“ момче дошол до момче кое секој би го посакал.
@uluulu.mccarthy been busy. 140kgs-82kgs #fyp #fyp #transformation Lost Souls - lizok
Секако дека и растењето и пубертетот вмешуваат прсти, но голем дел од трансформацијата дошла поради неговата работа и труд. Секој почеток е тежок, а тој е мотивација на сите и покажува дека вреди да се започне што порано со тоа, бидејќи ова секој го може. Не плаќал за никакви скапи лични тренери, само работел и работел. Бил доследен.
@uluulu.mccarthy chase your goals & stay grinding. #fyp #fyp #motivation #trasformation original sound -
И така од 140 килограми дошол до 82 килограми. Неговата трансформација ги воодушевува луѓето. Видеото од истата има повеќе од 70 милиони прегледи.