На Вилијам не му се допаѓала Меган, па му бил лут на брат му?!

На Вилијам не му се допаѓала Меган, па му бил лут на брат му?!

Објавена во: Совети // Семејство

Се сеќавате ли на онаа приказна дека принцот Вилијам и Хари биле во кавга поради Меган Маркл пред таа да остане трудна? Епа изгледа тоа не било само трач, туку се е вистина.

Имено, на Вилијам не му се допаднал изборот на идна сопруга на Хари, бидејќи отскокнувала од „кралските стандарди“. Кавгата ескалирала кога Хари на Божиќ 2017 година одлучил да се соочи со братот и да го предупреди поради лошото добредојде кон Меган.

До благото примирје дошло кога се замешал нивниот татко, принцот Чарлс и му кажал на Вилијам да се смири со својот брат. По тоа Кејт и Вилијам го повикале новиот пар со нив да го прослави минатиот Божиќ.

Иако некое време не разговарале, Вилијам сега, како што кажуваат нивните блиски луѓе, е пресреќен што неговиот брат станал татко. Изгледа малиот Арчи ќе ги ублажи односите помеѓу нив двајца. Меѓу другото, Меган има поддршка од Кејт која и кажала дека таа ќе биде секогаш тука за неа, ако и треба некој совет.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: