На WhatsApp доаѓа нова функција која често ќе ја користите: Омилена е на „Месинџер“
Ова на сите ни недостасуваше на WhatsApp...
WhatsApp постојано ги додава сите оние функции кои ни се потребни за допишување, а сега доаѓа уште една, која сигурно ќе ти биде од корист. Сите редовно ја користиме на „Месинџер“.
Дури сега гледаме колку оваа функција всушност ни недостасувала на WhatsApp! На „Месинџер“ ја користиме постојано, а станува збор за реагирање на пораките. Иако тоа е клучно за допишувањето и можеме и без него, некогаш навистина сакаме да ставиме некоја реакција на одредена порака, бдиејќи така е подобро отколку истото да го напишеме како одговор. Особено кога се допишуваме со некој не го става целиот текст во иста порака, туку испраќа 10 пораки по ред.
Добрата вест е дека отсега ќе биде достапна оваа функцција и на WhatsApp, пишува WABetaInfo. Ќе може да се реагира во сите видови на разговор, оние индивидуални, како и во групните - каде сите ќе може да ги видат реакциите, не само личноста на чија порака реагираш. Всушност, сѐ ќе биде исто како на „Месинџер“. Ќе може да се реагира со некои од следните 6 емотикони:
This is a preview of message reactions, from the 2.21.22.17 beta update.
— WABetaInfo (@WABetaInfo) October 29, 2021
Unfortunately, it looks like a bug because it's not possible to send a reaction. pic.twitter.com/T3ACGivhAK
Моментално оваа опција стартува, но на некои корисници им е веќе достапна. Но, ако ти не си една од нив, не грижи се, ќе дојде и кај тебе, само важно е да направиш „апдејт“ на апликацијата.
фото: Nadir Keklik / Shutterstock