Над 60 отсто од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн

Над 60 отсто од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн

Објавена во: После „Школо“ // PR

Huawei, водечкиот светски производител на паметни уреди за носење, го претстави Smartwatch Market Insight Report - извештај заснован на интерно истражување и партнерства со реномирани агенции како што се Ipsos Poland, Pollster и GfK. Извештајот дава длабинска анализа на однесувањето на потрошувачите во контекст на паметните часовници.

Паметните часовници се издржливи, мобилни и лесни за користење, а тоа се покажува како клучно за трансформацијата на однесувањето на потрошувачите. Тие брзо станаа модни аксесоари, дел од одреден начин на живот, надополнувајќи ја нивната функционалност. Комбинацијата на дигитална технологија, дизајн и функции за следење на здравјето, продолжува да се развива брзо, како одраз на целокупната пенетрација на дигитализацијата во нашите животи, новите технологии и сродните регулативи и пазарни услови. Секојдневното следење на здравствените параметри и интуитивната визуелизација на функционирањето на човечкото тело создава нова парадигма за проактивно следење на здравјето, а зголемената достапност на технологиите ги позиционира паметните уреди за носење сѐ поблиску до корисниците.

 „Приоритет во развојот на уредите за носење на Huawei е корисникот и секоја нова технологија да биде достапна токму за него. Нашите иновации во паметните часовници ја турнаа целата индустрија напред – вели Вилијам Тијан, Претседател за европскиот регион во Huawei Consumer Business Group.

Што ги мотивира луѓето да купуваат?

Изборот на паметен часовник често е добро осмислен, а не спонтан процес. Без разлика на опсегот на цените, купувањето обично трае близу еден месец, со повеќе од 3 недели активно пребарување на совршениот уред. Процесот е сличен меѓу групите, од страствени спортисти со специфични барања, до оние кои ги бараат најновите модни трендови, или страствените љубители на брендот.

Потрошувачите сакаат да се потпрат на својот паметен уред, неговата функционалност, интуитивни функции и да не се грижат дали ќе го скршат во секојдневното користење. Според анализираните студии, најмотивирачки фактори при купувањето се траењето на батеријата, водоотпорноста и компатибилноста со други паметни уреди.

Кога се разгледуваат карактеристиките на одреден паметен часовник, водоотпорноста се рангира меѓу неговите најатрактивни карактеристики. Интересно е што водоотпорниот дизајн е важен не само во контекст на потопување во вода, туку и како доказ за севкупниот квалитет и издржливост на производот. 67 отсто од испитаниците ја навеле водоотпорноста како најатрактивна карактеристика заедно со траењето на батеријата.

Најсилните асоцијации кога се зборува за паметни часовници

Потрошувачите имаат различни преференции и не постои единствен совршен модел на часовник. Вкусовите во обликот и типот на бројчаникот, големината или типот на часовникот, се разликуваат. Ако часовникот не ги задоволува личните преференции на купувачот, тие едноставно нема да го купат, без разлика колку се добри неговите карактеристики. И покрај модерната природа на паметните часовници, потрошувачите сѐ уште најчесто бараат класичен дизајн и традиционално кружно куќиште.Изгледот игра клучна улога во донесувањето на одлуката за купување, и не само бојата на куќиштето, туку и ременот, и специфичните детали како што се плетката, делот за закопчување, бојата, и друго. Ова е особено точно за уредите од повисока класа, бидејќи 55% од сопствениците на часовници со цена над 20.000 денари го менуваат ременот на часовникот поради различни фактори. Сепак, во сите ценовни сегменти, потрошувачите имаат тенденција да го заменат ременот само кога е оштетен.

Изгледот на паметните часовници не е ограничен само на физичкиот дизајн. Атрактивниот бројчаник е друга важна компонента, при што повеќе од половина од сопствениците на паметни часовници го менуваат барем еднаш месечно. Има одредена разлика во однесувањето на корисниците за различни ценовни категории на уреди. На пример, кај часовници со цена под 12.000 денари, сопствениците се повеќе склони воопшто да не го менуваат бројчаникот. Исто така, постои значителна група на корисници кои се држат до само еден лик на бројчаникот - оној со кој го купиле часовникот.

Јасно е дека дизајнот не е сè. Функциите на паметниот часовник исто така играат важна улога во одлуките за купување. Меѓутоа, во реалниот свет, сопствениците на паметни часовници имаат тенденција да се држат до најосновните карактеристики на нивните уреди, како што се секојдневното следење на здравјето и спортските режими. На врвот на оваа листа се функциите кои директно се однесуваат на поврзувањето, а особено можноста за проверка/примање телефонски повици директно на уредот, при што 38% ја избрале како најважна карактеристика.

На друг крај од потрошувачкиот спектар, речиси 60% од сопствениците на паметни часовници велат дека редовно ги проверуваат информациите во различните делови за следење на здравјето и преземаат конкретни активности врз основа на резултатите. Овде, главните карактеристики се специфично поврзани со здравјето на срцето, следење на отчукувањата на срцето, ЕКГ и крвниот притисок.[1]

Заклучок

Кога зборуваме за избор на производи, онлајн и офлајн каналите играат еднаква улога во целокупниот процес. Бидејќи паметниот часовник не е само технолошки производ, туку и важен додаток за животниот стил, како последен чекор, потрошувачите често чувствуваат потреба да го видат уредот лично, да го пробаат, да се уверат дека тој изгледа добро и ги исполнува нивните очекувања/стил.

За време на фазата на купување, најважните карактеристики се оние поврзани со секојдневната употреба (како што се траењето на батеријата и компатибилноста), квалитетот (отпорност на вода, отпорност на гребење) и, последно, но не и најмалку важно - дизајнот. Стилот на идеалниот паметен часовник најчесто се опишува како елегантен, треба да има тркалезен бројчаник и метално тело.Во однос на ремените - важен е широкиот избор, но најатрактивни се металните/титаниумските алки или универзалните силиконски ремчиња. На крај, долгиот список на функции - ова е особено важно при изборот на паметен часовник, но по купувањето повеќето корисници се држат до основните карактеристики околу поврзувањето, здравјето и спортските режими.

Широк избор од Huawei

Huawei нуди широк избор на модели на паметни часовници, од нагласено женствениот Watch GT 3 со златен ремен, во милански стил, и Watch GT 3 Pro со куќиште и ремен од бела керамика, до класично дизајнираните, прилично машки модели- Watch GT 3 и Watch GT 3 Pro, во верзии од челик, кожа и легура на титаниум, до изразено спортскиот лесен и буџетски часовник Watch GT 3 SE.Овие уреди се познати по долготрајната батерија – до 2 недели за машките и една недела за женските верзии – и поддржуваат Bluetooth конекција и повици од часовникот. Сите модели се отпорни на вода и нудат функции за спортови на вода во нивното портфолио на поддржани спортски режими, при што Watch GT 3 Pro е особено привлечен за нуркачите бидејќи поддржува нуркање до 30 метри, дури и во солена вода. Понатаму, сите модели следат повеќе здравствени параметри, како што се отчукувања на срцето, заситеноста со кислород во крвта, ниво на стрес, квалитет на спиењето, температура на телото, и следење на месечниот циклус на жените.И двете варијанти на Watch GT 3 Pro ја имаат функцијата електрокардиограм (ЕКГ), како и следење на артериска вкочанетост.


[1]Апликацијата ЕКГ за Watch GT 3 Pro е наменета за корисниците постари од 18 години, но не е наменета да ја замени медицинската дијагноза или третман. Податоците добиени за време на употребата на уредите се само за лична референца. Корисниците не треба да толкуваат или преземаат клинички дејствија врз основа на резултатите без консултација со квалификуван здравствен работник. Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: