Најбизарните предизвици на ТикТок: Избелување на заби со хидроген, Холокауст, а еден е најлош и однесе неколку животи
ТикТок моментално е една од најпопуларните апликации на светот чии корисници во најголем број се деца и млади.
Служи за креирање и споделување на кратки видео содржини, а може да биде и многу корисна доколку сакате да пронајдете совети за убавина и трикови за шминкање, едноставно шравење на фризури, меѓутоа коа ќе се пребара под површината на сржта на ТикТок излегуваат многубројните предизвици.
Бидејќи оваа мрежа е најпопуларна помеѓу тинејџерите, но и помладите деца, важно е да насочи вниманието на нив.
Поентата е дека една личност треба да смисли предизвик, додека сите останати корисници на апликацијата имаат задача да одговорат не него. Предизвиците носат лајкови и популарност, како и можност за видеото да стане „вирално“, односно да се прошири низ целиот свет.
Некои од најбизарните предизвици на ТикТок беа избелувањето на заби со хидроген, но и трендот кој подразбираше ТикТокерите да си играат холокауст.
Меѓутоа, постојат и многу поопасни предизвици на оваа мрежа кои може да завршат трагично, а во продолжение ви ги презентираме оние најопасните:
# Предизвикот „Blackout“
Играта со гушење, односно онесвестување веќе повеќе од една година кружи на Интернетот, а се состои од тоа што учесниците намерно си го прекинуваат примањето на кислородот, обидувајќи се да предизвикаат чувство кој човекот го има непосредно пред смртта, односно пред губењето на свеста.
За жал, овој предизвик веќе однесе неколку детски животи.
Italian girl 10, dies playing TikTok's blackout challengehttps://t.co/L9ZLXjbCCH#TikTok #TikTokviral #tiktokleaks #TikToker #tiktokban @TikTokIt @ItaTiktok #italiano #palermowuhan @TikTok_it @TIKTOKITALIA #Italy #italiano pic.twitter.com/W3azshz8CC
— TikTok Death (@TikTokDeath) January 29, 2021
# Предизвик „tripping jump“
Овој предизвик вклучува тројца луѓе кои стојат еден покрај друг во низа. Кога личноста во средина ќе скокне во воздух, луѓето од страна би требало со своите нозе да ги шутнат нозете на личноста во средија, која така ја губи рамнотежата. Опасниот предизвик доведе до многу повреди, вклучувајќи скршеници и потрес на мозокот.
Само во САД, 13 - годишно момче беше хоспитализирано со сериозен потрес на мозокот во Њу Џерси, откако на училиште учествувало во овој предизвик. Сличен инцидент се случи и во Масачусетс во февруари минатата година, кога девојче, кое исто така имало 13 години, завршило во болница со потрес на мозокот по изведувањето на овој предизвик.
Guys please spread to everybody if possible!!! Do not attempt to do this tripping jump challenge as it can leave you in fatal injuries to your head, neck and spine!!! pic.twitter.com/U4xDka9Vba
— Jamie Goh hui shan (@jamielovesweets) February 14, 2020
# Предизвик „фрлање во воздух“
Во овој предизвик, група луѓе стојат во круг со свиткани глави. Потоа фрлаат предмет во воздух и никој во кругот не смее да се помести сè додека предметот не падне на некој.
Предметот - може да варира од мала топка до поголеми предмети, вклучувајќи и велосипед - обично завршува по глава или врат кај некој од луѓето. Целта на предизвикот е на некој да му се предизвика потрес на мозокот, што е навистина застрашувачки концепт.
# Предизвик со паричка
Можеби ви изгледа дека на никој не би му паднало на памет да стави нешто метално во штекер, но многу ТикТок го прават токму тоа во предизвикот со паричка. Поентата на овој предизвик е личноста да ја стави паричката зад полначот за телефон, кој е делумно приклучен во струја.
Паричката во овој случај може да предизвика оштетување на електричниот систем и во некои случаи пожар - создава топлина која може да предизвика пламен зад ѕидот, а вие да не сте ни свесни за тоа. Секако, децата лесно може да си го повредат лицето.
# Предизвик „Bright eye“
Многу корисници на ТикТок учествуваа во овој предизвик во кој наводно се менува бојата на очите. Многу опасниот меток со кој наводно се постигнува тоа секако дека не успева. Предизвикот започна како шега, но многу корисници на ТикТок всушност веруваа дека оваа опасно луда идеја би можела да успее.
Вклучува мешање на избелувач, средства за дезинфекција на раце, желе и крема за бриење во ќеса. Потоа таа смртоносна смеса се става на очните јаболкници и се држи една минута. По неа наводно очите изгледаат посветли.