Најемотивната сцена по борбата на Вељко: Цеца му го однесе појасот на малиот Жељко (ФОТО)

Најемотивната сцена по борбата на Вељко: Цеца му го однесе појасот на малиот Жељко (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Српската пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и Богдана Ражнатовиќ присуствуваа на боксерскиот меч на Вељко, кој се одржа вчеравечер, а таму беше и малиот Жељко Ражнатовиќ.

Вељко Ражнатовиќ ја оствари и 14-тата победа од исто толку борби и продолжи со перфектната низа во професионалната кариера.

Тој по големата борба во хотелот Уб, го нокаутираше Горан Бабиќ со технички нокаут во седмата рунда и така на српскиот боксер кој живее во Шведска му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Емотивната сцена се случи по завршувањето на мечот, кога Цеца му пријде на внукот Жељко, кој беше во рацете на својот дедо Богдан Родиќ и му го даде победничкиот појас, кој го освои неговиот татко Вељко.


Потоа, Цеца објави фотографија на својот Инстаграм профил, на која покрај појасот, позира малиот Жељко.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: