Најемотивниот момент од роденденот на малиот Ражнатовиќ: Цеца на Вељко му ја запеа „Куда иду остављене девојке“
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ запеа на прославата на првиот роденден на својот внук Жељко Ражнатовиќ, а еден момент беше особено емотивен.
Цеца на Вељко му го отпеа својот голем хит „Куда иду остављене девојке“, а глетката од мајката и синот делуваше многу емотивно.
Ражнатовиќ потоа ја отпеа и песната „Неваљала“ и ја подигна атмосферата, а на овој хит на Цеца многу од гостите танцуваа.
Нема сомнеж дека семејството Ражнатовиќ направи роденденска забава за паметење, а покрај одличната атмосфера, големо внимание привлече и роденденската торта на три ката.