Најмладата трансродова манекенка прошета на модната писта: Таа е мал професионалец

Најмладата трансродова манекенка прошета на модната писта: Таа е мал професионалец

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ноела ја започна својата транзиција кога имаше само четири години, а со манекенство се занимава од седумгодишна возраст

Ноела (10) е официјално најмладата манекенка која некогаш прошетала на модната писта на модната недела во Њујорк. Како што вели, нејзината цел е да ги инспирира трансродовите деца и да им покаже дека можат да бидат тоа што се.

Нејзините родители Ди Мекмахер (35) и Реј (32) велат дека се неверојатно горди на нивната ќерка, која почнала да се менува кога имала само четири години.


- Ноела навистина никогаш не се нервира и не се плаши од ништо. Таа е мал професионалец! Беше толку возбудена што ќе биде на модната писта и ќе ја видат толку луѓе и ќе ја снимаат и фотографираат - вели мајката на Ноела.


Нејзините родители додаваат дека уште како мала Ноела била полна со самодоверба и дека била толку посветена на своите одлуки па сега не очекуваат ништо помалку од неа.

- Ѝ купувавме облека за момчиња, а таа често имаше напади на бес бидејќи не сакаше да ја носи. Мислевме дека е премногу млада и не знае што сака, но на крајот ѝ дозволивме да ја започне транзицијата, откриваат двајцата.

Ноела вели дека била многу несреќна како момче и знаела од двегодишна возраст дека е „заробена“ во машко тело.

- Не знаев како да им објаснам, па молчев. Отсекогаш знаев дека во мене има мало девојче. Процветав кога родителите ми дозволија да станам девојче – вели таа.


Ноела го променила своето име кога наполнила седум години и почнала да се занимава со манекенство.

- Имам нова ревија во ноември, многу сум возбудена. Се надевам дека ќе успеам да инспирирам барем една транс личност – истакнува таа.

Мајката на Ноела вели дека нејзина одговорност е да го заштити своето дете и да се увери дека е безбедно, но желбата на Ноела да биде активист за правата на трансродовите лица е посилна од било што друго.


- Таа е многу зрела за своите години и самоуверена. Ноела сака да им покаже на другите трансродови деца дека е во ред да преминат и да се прифатат себеси. Таа е толку страсна за подигање на свеста за трансродовите луѓе - таа ќе направи разлика во овој свет - заклучи нејзината мајка, а пренесува „Метро“.


Извор: ona.telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: