Најплатени јутјубери за 2020 година: 8 - годишно момче се најде на врвот на листата

Најплатени јутјубери за 2020 година: 8 - годишно момче се најде на врвот на листата

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Иако во последните месеци повеќе внимание им се посветува на ТикТокерите и на самата апликација, никако не смеат да останат заборавени јутјуберите. Имено, крајот на годината е сѐ поблизу и е време да се објави листата на најплатени јутјубери за оваа година. Моментално најплатан јутјубер е 8 - годишниот Рајан, кој ги помина искусните и познати јутјубери.

Целосната листа од најплатени јутјубери за 2020 година може да ја погледнете во продолжение:

# Ryan's World

Заработка: 26 милиони долари

Следбеници: 23.2 милиони


Речиси е неверојатно дека 8 - годишно дете е најплатениот јутубер во светот. Јутујуберската кариера ја започна со отворање играчки и играње со истите. Иако ова звучи прилично тешко за гледање, тој успеа да добие милиони прегледи на секое негово видео. Видеото на Рајан „Huge Eggs Surprise“ доби 1,9 милијарди прегледи. Неговите видеа имаат огромно влијание врз индустријата за играчки и компаниите за играчки се подготвени да се „истепаат“ за овој млад јутубер. Рајан сега создава видеа за анимација за деца со кои треба да ги одржуваат неговите следбеници, но и приходите уште неколку години.

# Dude Perfect 

Заработка: 20 милиони долари

Следбеници: 51 милион


Dude Perfect не е само совршен фраер. Тие се всушност група од 5 пријатели од средно училиште. Dude Perfect се фокусира главно на спортот. Тие ги освоија своите обожаватели на база на нивната голема смисла за хумор. Имаат и други извори на приход, како што е нивната мобилна апликација, наречена „Dude Perfect“ и скоро сите нивни видеа на Јутјуб се спонзорирани. Сепак, тие сѐ уште најмногу заработуваат од рекламите на Јутјуб.

# Nastya

Заработка: 18 милиони долари

Следбеници: 44.3 милиони


Nastya е второто најплатено дете во светот на јутјуберите. Но, за разлика од Рајан, каналот на ова девојче е за нејзиниот живот, наместо за рецензии за играчки. Видеата вклучуваат еднодневни патувања на плажа, роденденски забави, костуми за Ноќта на вештерките и секакви други работи во овој правец. Настја не би била толку позната, доколку не бил тука нејзиниот татко со добро расположение. Тие двајца се совршено дуо.

# Џефри Стар

Заработка: 17 милиони долари

Следбеници: 17.1 милион


Додека Џефри прави банка од Јутјуб, тој исто така има многу различни извори од каде што заработува пари. На пример, тој е текстописец, модел и диџеј. Нема нешто во што не е добар, а тука влегува и шминкањето. Јутјубот на Џефри е за работи поврзани со шминкањето. Има разни туторијали, смешни видеа со предизвици, но и анализа на брендови. Тој во основа е гуру за убавина, а дека тоа е така добар доказ е тоа и што тој започна и со своја линија на производи за шминкање, која навистина добро се продава.

# DanTDM

Заработка: 16.5 милиони долари

Следбеници: 21 милион


Кој рече дека играњето игри е губење на време? На крајот на денот, (претходниот) најбогат човек на Јутјуб заработи цело богатство од видеата за „Minecraft“. И можеме да видиме зошто. Огласувачите се подготвени да платат (многу) повеќе за да ги имаат своите реклами на неговите видеа. И со неговиот просечен преглед на видео од 4,84 милиони, Јутјуб не е само споредна работа. Сепак, DanTDM има и други извори на зарбаотка, како што се спонзоствата на Јутјуб.

# PewDiePie 

Заработка: 15.5 милиони долари

Следбеници: 102 милиони


Овој јутјубер е убедливо најследениот на Јутјуб од оваа листа и е најследениот во целиот свет во последните 5 години. Сепак, во последните неколку години, неговиот прихот опадна релативно многу, со оглед на тоа што неговата нето вредност во претходните години беше помеѓу 30 и 50 милиони долари. Тој е познат по своите влогови во кои коментира игри. Иако Јутјуб е неговиот главен извор на приход, тој исто така заработува и од издавањето на книгата насловена „This Book Loves You“, која е продаде во 112.000 примероци.

# VanossGaming

Заработка: 15.5 милиони долари

Следбеници: 24 милиони


Еве уште еден пример дека играњето игри не е губење на време. Иако Ајван не се фокусира само на една специфична игра, неговите обожаватели ја ценат различноста. Но, онаму каде што тој ја придобива топлата е неговиот карактеристичен стил на уредување видеа. Запомнете, доколку сакате да се истакнете во морето јутјубери, мора да бидете поинакви.

# Логан Пол

Заработка: 14.5 милиони долари

Следбеници: 20.1 милион


Логан Пол е јутјубер кој искрено прави многу просечни видеа. Неговиот скок, кога е популарноста во прашање се случи уште во 2017 година кога ја посети јапонската шума позната по самоубиства и случајно наиде на обесено тело. Логан го снимаше телото и се шегуваше за истото, покажувајќи му ја светот својата незрелост. Потоа беше сериозно критикуван, но некако доби уште повеќе следбеници. Тој призна дека згрешил и светот продолжи понатаму. Денес Логан сѐ уште прави видеа за јутјуб и други влогови со лош хумор.

# Markiplier

Заработка: 13 милиони долари

Следбеници: 25.7 милиони


Уште еден јутјубер посветен на игрите кој достигна успехот. Тој претежно прави видеа за хорор и инди видеоигри. Можеби треба да го прескокнеш овој канал, бидејќи овој јутјубер е навистина вулгарен и користи многу пцовки. Покрај тоа што беше еден од најдобрите јутјубери во 2019 година, Марк исто така го позајмува гласот во многу телевизиски емисии.

# Џејк Пол

Заработка: 11.5 милиони долари

Следбеници: 19.7 милиони


Помладиот брат на Логан Пол, Џејк на Јутјуб се прослави по тоа што тој всушност произведува пристојна содржина. Тој е актер и музичар, а на Јутјуб сцената е присутен 4 години, но веќе има 4 милијарди прегледи. Џејк објави музичко видео, наречено „It's Everyday Bro“, кое за 70 дена „собра“ 70 милиони прегледи. За жал, сега е трето најдислајкувано видео на Јутјуб. 


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: