Заедно имаат заработено над 180 милиони долари: Ова се најплатените јутјубери според „Форбс“

Заедно имаат заработено над 180 милиони долари: Ова се најплатените јутјубери според „Форбс“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Веќе сигурно ви е познато дека весникот „Форбс“ редовно ја објавува листата на најбогатите луѓе на светот според различни категории. Оваа година на нивната листа за најбогати јутјубери нема ниту една девојка, а момците кои се најдоа на неа верувале или не заедно заработиле над 180 милиони долари и тоа во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година.

Проверете дали на оваа листа се наоѓа вашиот омилен јутјубер:

1. Прв на листата е Рајан со неговиот канал Ryan Toys Review и неверојатната заработка од 22 милиони долари. Ова осумгодишно момче со своите рецензии за играчки стана еден од најголемите инфлуенсери на Јутјуб.

2. Веднаш зад Рајан се најде Jake Paul со заработка од 21,5 милиони долари и 17 милиони претплатници на YouTube.

3. Dude Perfect со заработените 20 милиони долари е петчлената екипа на спортисти кои снимаат видеа поврзани со спортот и се најдоа на третото место на оваа листа.

4. Минатогодишниот победник Daniel Middleton/DanTDM има заработка од 18,5 милиони долари и годинава се најде на четвртото место на оваа листа. Овој британски гејмер го следат над 20 милиони претплатници.

5. Мејкап артистот Jefree Star има заработка од 18 милиони долари и покрај видеата неговата најголема заработка е од продажбата на неговата линија на козметика.

6. Со заработени 17,5 милиони долари шести на листата се најде хавајскиот гејмер Mark Edward Fischbach/Markiplier, кој има околу 22 милиони претплатници.

7. Седмото место на оваа листа му припадна на канадскиот гејмер Evan Fong/ Vanoss Gaming со заработка од 17 милиони долари.

8. Seán McLoughlin е најпопуларниот Ирец на YouTube, тој со коментирање на познати игри заработи 16 милиони долари.

9. Деветтото место ми припадна на Felix Kjellberg или попзнат како PewDiePie кој има 70 милиони претплатници и заработка од 15,5 милиони долари.

10. Братот на Jake Paul се најде последен на оваа листа. Logan Paul има заработено 14,5 милиони долари.




Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: