Најубавите епитети за нејзината кралица: Мартија јавно ѝ го честиташе роденденот на својата мајка (ФОТО)
Денес се слави во домот на младата пејачка...
Мартија Станојковиќ, младата пејачка која ја запознавме од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, денес има голем повод за славење. Имено, денес ѝ е роденден на нејзината мајка, Снежана, која воедно ѝ е најголема поддршка.
Мартија, по овој повод, преку јавна честитка на Инстаграм ѝ ги додели најубавите епитите и ѝ го честиташе роденден.
„Моја кралица. Фраерки. Најдобрата мајка. Засекогаш да си полна со љубов и среќа, затоа што знам дека навистина го заслужуваш тоа“ - напиша Мартија покрај фотографиите и видеата кои ги сподели со нејзината мајка.
Инаку, мајка ѝ на Мартија денес полни 52 години, но никој не би го кажал тоа. Полна е со енергија, а тоа го докажува и кога споделува видеа од настапите на нејзината ќерка, на кои се забавува како тинејџерка.
фото: Принтскрин / Инстаграм