Насилството во училиште открило дека е гениј: 9 - годишно девојче има поголем коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг
Деветгодишно девојче од Мексико има супер висок коефициент на интелигенција кој изнесува 162, а овој број ја става неколку места пред познатите научници Алберт Ајнштај и Стивен Хокинг.
Адара Перез од Мексико својата интелигенција ја тестира од 4 години.
Сега има 9 години и студира за две дипломи: една за инженерство на системи на Универзитетот CNCI, а другата за индустринско инженерство од математика на UNITEC. Двата универзитети се во Мексико.
Своите интериси ги насочила на Универзитетот во Аризона, каде ѝ е понудено место за студиите по астрономија, а сега е посветена на англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон.
Инаку, на Адари ѝ е дијагностициран аутизам кога имала 3 години, а за време на основното училиште се соочувала со насилство, бидејќи останатите деца мислеле дека е чудна. Оваа несреќна ситуација всушност била поттик за откривање на генијалноста на девојчето.
Како што раскажува нејзината мајка Налели Санчез, Адара си играла во куќичката, кога децата ја заклучувале внатре. Понувале да ѝ викаат и да ѝ зборуваат грди работи.
„Почнаа да удараат по куќичката, тогаш ми кажа дека повеќе не сака да оди на училиште, падна во депреисја“ - кажа нејзината мајка.
Меѓутоа, токму таа интеракција открила дека девојчето е гениј. По случувањата на училиште, мајка ѝ ја однела на терапија, а таму психијатарот препорачар Адара да оди во Центарот за грижа на таленти, каде се прават разни тестови за интелигенција и го постигнала резултатот 162.
За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имаше коефициент на интелигенција, кој изнесувал 160.
Девојчето завршило гимназија на 8 години и сега онлајн работи на дипломирањето. Како ова да не е доволно импресивно, девојчето започнало да пишува и книга.