Настан на неделата: Џефри Стар во кавга со 10 - годишниот Кардашијан

Настан на неделата: Џефри Стар во кавга со 10 - годишниот Кардашијан

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

И на познатите изгледа им е екстремно здодевно...

Доколку мислиш дека тебе ти е здодевно за време на социјалната изолација, замисли како му е на Џефри Стар, кој се кара и навредува преку социјалните мрежи со 10 - годишниот Кардашијан.

Јутјуберите и познатите секкао малку се караат, делат во кланови и слично. Осбено е интересно во светот на Јутјуб каде кавгите помеѓу двајца за момент стануваат сензација на интернет. Сега на дневен ред е нова драма, а главни ликови во неа се суперѕвездата за убавина Џефри Стар и 10 - годишниот син на Кортни Кардашијан. По се изгледа дека оваа драма само што започна. Пред неколку дена Масон учествуваше во „лајв“ видео на Инстаграм со познатата ТикТокерка Адисон Рае. Во еден момент за време „лајвот“, еден од обожавателите го праша Масон кој му е најдраг јутјубер за убавина. Прашањето изгледаше многу едноставно - но, тоа беше само почеток. Рече дека не ги следи јутјуберите за убавина, но дека му е драг Џејмс Чарлс, бидејќи изгледа симпатично. Но, исто така додаде дека Џефри е размазен.


Адисон брзо ја промени темата, но ова видео секако се прошири на Интернет и секако дојде до Џефри. За да не испадне дека се сложува со тоа или дека одобрува другите да зборуваат лаги за него, Џефри мораше да искоментира. Напиша на својот Твитер профил дека има пред 5 години на својата сметка во банка имал 500 долари, па дека можеби Масон ја измешал својата привилефирана положба и пари кои ги има поради семејството од кое доаѓа, со него, бидејќи како што вели тој самиот си заработил се што има.


Кортни и Скот, родителите на Масон, реагираа на ова и го избришаа неговиот Инстаграм профил, за кој тврдат дека го направил скришно. Исто така додале дека сметаат дека е премлад за социјални мрежи и дека уште неколку години нема да му дозволат да има профили на нив. Ситуацијата со Џефри не ја прокоментираа.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: