Дрејк шокираше со својот став за бракот: „Мислам дека тој вид на заедница е од античко време, се плашам дека нема да бидам добар сопруг
Американскиот рапер Дрејк (36) зборуваше во подкастот „The Really Good Podcast with Bobby Althoff“ за својот љубовен живот. Иако важи за еден од најпосакуваните рапери во светот, пејачот никогаш не се оженил, а сега откри и зошто.
- Не знам, ми се чини дека тоа е нешто од античко време. Мислам дека еден ден можеби и ќе го направам тоа. Се чувствувам како да не можам да му го дадам некому тоа што го бара. Мојот живот и работа се моите приоритети, изјави музичарот.
Водителот го прашал дали тоа е затоа што сака да се биде постојано со различни жени, а Дрејк веднаш негираше.
-Не сакам да се женам бидејќи не сакам никого да разочарам, додал тој.
Дрејк во текот на годините беше поврзуван со голем број познати личности, вклучувајќи ги Тајра Бенкс, СЗА и Ријана. Сепак, тој рече дека не би можел да се ожени со некој што е познат.
Фото: дрејк/инстаграм