Наташа Беквалац ја сподели емотивната честитка која ја доби од ќерките: Иако некогаш сме безобразни, многу те сакаме (ФОТО)
Преку честитката, наследничките ѝ ја честитаат Новата година...
Поп пејачката Наташа Беквалац често истакнува дека ќерките Хана и Катја се нејзиниот највреден подарок во животот и дека за нив е подготвена да направи сѐ.
Сега, на својот Инстаграм профил, таа ја сподели со обожавателите емотивната новогодишна честитка која ја добила од нив, а која ја разнежнила.
„Маки моја, ти благодарам што ме трпиш секој ден и ме сакаш ваква луда, но убава. Да можев да замислам каква мајка ќе имама, не би можела да изберам подобро.
Ти благодарам за сѐ што правиш за Кети и мене секој ден. Иако можеби не ти го покажуваме тоа често, иако некогаш сме безобразни, те сакаме најмногу на светот. Твоите Хана и Кети“ - стои во честитката.
„Јас го добив најубавиот подарок“ - напиша пејачката покрај фотографијата од честитката.
фото: Принтскрин / Инстаграм