Наташа Беквалац приреди бајка за роденденот на Хаша: Славеничката доби посебен подарок (ФОТО)
Пејачката на Инстаграм покажа колку се потрудила да ја изненади својата наследничка, па така нејзината соба ја декорирала со балони, цвеќиња и салфетки во виолетова боја...
Пејачката Наташа Беквалац се потрудила на својата ќерка Хана, која ја доби во бракот со ватерполистот Данило Икодиновиќ да ѝ приреди вистинска бајка за нејзиниот 15-ти роденден.
Имено, откако на Инстаграм објави неколку фотки, проследени со емотивна честитка за славеничката, Беквалац потоа откри дека собата на наследничката ја украсила со разни цвеќиња, виолетови балони, а на помошните прегради се гледаше имено на Хана. Нејзината ќерка доби и роденденска торта, но и букет со лалиња, заедно со подарокот кој пејачката го имаше декорирано со панделка.
Виолетовите салфетки и малите свеќи исто така допринесоа за целиот амбиент да биде совршен. Иако Хана не сакала да го слави својот роденден, нејзината мајка не се откажала од идејата да ја изненади.
На едно од видеата, Беквалац покажа и колку Хана се има изненадено поради изненадувањето кое ѝ го приреди мајка ѝ.
фото: Принтскрин / Инстаграм