Научи нешто ново: Листа на бесплатни онлајн курсеви

Научи нешто ново: Листа на бесплатни онлајн курсеви

Објавена во: Совети // School zone

Имајќи ја предвид потребата за образованието и средствата потребни за неговото остварување, познатите светски универзитети, како универзитетите на Ivy лигата (Brown, Harvard, Cornell, Priceton, Dartmouth, Yale и Columbia) смислија голем број онлајн курсеви кои на корисниците им овозможуваат активно усвојување на знаењата од областите кои им изгледаат интересно или пак кои им се потребни. Моментално достапни се околу 450 курсеви

ОВДЕ може да ја најдете листата на бесплатните курсеви.

На сите ни е познато дека образование денес е многу скапо и за многумина, често и недостапно. Бара многу време и жртви, како на родителите, така и на самите ученици, студенти... Многумина се приморани да заработуваат за на себе да си го позволат луксузот наречен студирање.

Меѓутоа, понекогаш дури ниту завршените студии не се гаранција дека ќе пронајдеме работа која во потполност би одговарала на нашите потреби. На работодавците често им се потребни соработници кои зад себе имаат неколкугодишно искуство.

Но, што доколку го немаме побараното искуство? Дали тука се завршува нашата потрага? Одговорот е - НЕ.

Како изгледаат беспланите онлајн курсеви?

Овие курсеви се замислени како спој на видеа, прашалници и тестови кои се разликуваат од недела во недела. Видеата се направени како кратки предавања на универзитетските професори или научници од одредена област, додека тестовите служат како увид во напредувањето на студентите. Секоја недела се одржува нов час, по што се потполнува споменатиот тест. Курсевите најчесто траат од 5 до 15 недели, по што се добива сертификат, кој може да ни послужи како дополнителна ставка во нашата „Професионална биографија“.

Секој од овие курсеви содржи детални упатства на самиот почеток до кои корисниците за време на предавањата треба да се придржуваат. Се дава можност за едукација во различни области. Со присуството на некои од нив можеме да научиме како функционира веб - дизајнирањето, менаџментот, новинарството, но и како да го надминеме стравот од усна презентација, како да станеме посвесни и посреќни поединци.

Други платформи за онлајн учење

Можностите се различни, потребно е само да го пронајдете курсот кој ви одговара и задоволува вашите потреби. Освен што се задоволува желбата за знаење, помага и во професионалниот развор и интегритет. Сертификатот кој се добива на крајот има веродостоен кредибилитет, со оглед на тоа што зад него стојат погоре споменатите, светски признаени универзитети.

Меѓутоа, иако крусевите се бесплатни, за сертификат е неопходно да издвоите одредена сума на пари. Таа сума најчесто не го преминува износот од 30 евра, што е многу помалку од цената на денешните курсеви во градовите на нашата држава. Сепак, пред посетата на секој од онлајн курсевите потребно е добро да се информирате за услугите кои ги нудат нивните основачи и за признанието на споменатите сертификати во нашата држава.

Некои од најпознатите и најпосетуваните се EdX, Coursera и Udacity, но можно е да се пронајдат и многу други. Изборот е оставен на корисниците, нивните желби и потреби.

Вие проценете дали вреди да се обидете.

Извор: portalmladi.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: