Не е првпат да носи нешто чудно на нозете: Патики се или чизми, најгрдото парче обувка или високата мода? Бела Хадид ги подели мислењата

Не е првпат да носи нешто чудно на нозете: Патики се или чизми, најгрдото парче обувка или високата мода? Бела Хадид ги подели мислењата

Објавена во: Мода // Moj стил

Не е првпат Бела да носи нешто чудно на своите нозе.

Ако ова стане следниот голем моден тренд... Бела Хадид е виновната трендсетерка, бидејќи штом ќе почне да носи нешто, големи се шансите куп луѓе да го копираат и тоа наеднаш да стане тренд.

Бела Хадид секогаш изненадува со некои необични и различни комбинации. Со оглед на тоа што работи како модел, има пристап до различни парчиња и однапред знае кои ќе бидат големите модни хитови. Сега папараците ја уловија како оди на забава, а се разбира, нејзината облека беше екстра посебна. Таа беше облечена во црна кожа, која се најавува како еден од трендовите за претстојната есен, но она што привлече внимание се патиките. Или чизми. Всушност, тешко е да се каже во која категорија да се смести овој чевел. 

Се работи за чевли кои се создадени како соработка помеѓу Adidas и брендот Ancuta Sarca. Додека долниот дел изгледа како патики, горниот дел изгледа како чизма.

 За овие чевли веќе се зборуваше, но не видовме некој да ги носи. Ако некогаш сте се запрашале како да ги носите и со што, Бела има идеја. Изгледаат чудно, некои ќе речат дека се грди, други дека се генијални. А што мислите вие?


извор:teen385

Бела Хадид и сите нејзини тетоважи: Според нив е очигледно каков стил најмногу ѝ се допаѓа

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: