Не крие дека ѝ е тешко поради разводот: Еве како реагираше Ким Кардашијан на веста за врската помеѓу Канје Вест и Ирина Шајк
Неколку дена откако ги видовме солзите на ријалити вездата поради разделбата со раперот Канје Вест, тој беше фатен со руската убавица Ирина Шајк.
Сега е официјално - врската помеѓу раперот Канје Вест и манекенката Ирина Шајк не е само гласина!
Парот вчера беше виден во Франција, каде отпатуваа да го прослават 44-от роденден на раперот на романтичен начин, а папараците не го пропуштија тоа. Потоа заедно се вратија во Америка, но одделно излегоа од авионот и цело време се криеја од љубопитните погледи.
Веднаш потоа, сите се прашуваа едно: како е Ким Кардашијан?
Старлетата поднесе барање за развод од раперот во февруари по шест и пол години брак, а пред неколку дена ги видовме нејзините солзи во епизодата на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ и слушнавме тврдења дека го изневерила сопругот и дека тој заслужува подобро. На денот на роденденот на Канје, додека раперот и дизајнер ја бакнуваше познатата Русинка во Прованса, Ким емотивно му го честиташе роденденот на Инстаграм и му рече дека ќе го сака засекогаш.
- Ким слушнала озборувања за Канје и Ирина Шајк и не ѝ пречи. Ако тоа не влијае на нејзините деца, нема проблем со тоа што Канје започна да излегува со нова девојка - изјави извор близок до семејството Кардашијан.
Друг неименуван извор додаде дека Ким и Ирина не се познаваат, па ријалити sвездата не се потресе премногу од оваа вест.
извор:glossy