Не може да е почудно: Една девојка ја изненадила фризерката која ѝ покажала каква фризура сака да ѝ направи

Не може да е почудно: Една девојка ја изненадила фризерката која ѝ покажала каква фризура сака да ѝ направи

Објавена во: Мода // Moj стил

Додека сите ние на фризер носиме фотографии од познатите ѕвезди, оваа девојка со сосема поинакво план заминала во фризерски салон...

Секогаш е добра идеја на фризер да одиш со фотографии од фризурата која ја сакаш, бидејќи колку и да се обидуваш да објасниш на фризерката, со фотките ќе бидеш посигурна дека нема да бидеш погрешно сфатена и дека шансите да излезеш незадоволна ќе бидат помали.

Сакате ли да се обложиме дека ваква фотографија никогаш ѝ немате покажано на вашата фризерка? Оваа девојка имала многу необична идеја, која на крајот испаднала одлично. На својата фризерка како инспирација за фризура ѝ покажала фотографија од својата мачка. Има убава „Гарфилд“ портокалова мачка и сакала да има иста боја на косата. 

@francescabourdier Matching my hair to my cat’s fur  #cat #catsoftiktok #ginger #redhair #orangecat #haircolorchange  #salon #hairtransformation #gingerhair Super Gremlin - Kodak Black

Сигурно никогаш порано немала вакво барање, некој да ѝ дојде со фототграфија од домашниот миленик и да бара боја на коса како него. Секако дека не ѝ направила шари какви што има маката, тоа би било лошо, но се обидела да ја погоди бојата најдобро што можела и она што е најважно, девојката на крајот била презадоволна. Бојата ѝ изгледа феноменално!


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: