Не можеше да го движи лицето: Во каква состојба е сега Џастин Бибер?
На Џастин Бибер му се парализираше лицето, поради што мораше да ги откаже преостанатите концерти во Северна Америка, а настапите во Европа станаа неизвесни. Иако прогнозите беа дека можеби ќе се опорави до крајот на годината, неговиот пријател Ашер има пооптимистички зборови.
Зборувајќи за „Extra“, некогашниот ментор на Бибер истканува дека неодамна бил на одмор со него и Хејли Бибер, па можел да се увери како тој навистина се чуствува.
„Како уметник, мислам дека сите ние доживуваме нешто што другите луѓе можеби не го разбираат. Јас сум среќен што бев тука од почетокот и што сум дел од тоа и ден денес, како негов пријател“ - зборува тој.
Кога директно го прашале за тоа во каква состојба е Џастин, тој кажа: „На него му е прекрасно. Тоа што се дружевме на одморот е прекрасно, исто какои поддршката која тој ја добива од обожавателите и семејството“.
Сепак, изгледа дека Џастин и понатаму се опоравува, а добрата вест е дека сето ова нема да остави последици на него. Ова е веќе втора семејна драма за Џастин, со оглед на тоа што Хејли во март имаше мини срцев удар.
Како што зборуваше Хејли, овие неволји само дополнително ги зближиле и ги увериле дека мораат да останат заедно.
фото: Принтскрин / Инстаграм