Не смеат да играат Монопол и уште 14 правила до кои мора да се придржуваат британсктие кралски деца
Дознајте кој проткол важи за најмладите членови на британското кралско семејство
Познато е дека британското кралско семејство има строги кралски правила до кои мора да се придржуваат сите членови. Но, овој протокол е задолжителен и за најмладите - принцези и принцови.
# Мора да и се поклонат на кралицата
Кралскиот протокол наложува дека жените во кралското семејство мора да и се поклонат на кралицата кога ќе ја видат првпат во текот на денот.
Со оглед на тоа дека принцезата Шарлот и се поклони на кралицата Елизабета II минатиот Божиќ, изгледа дека од овој проткол не се исклучок ниту најмалите.
# Мора да го поминат тренингот за убаво однесување
Најмладите членови на кралското семејство почнуваат да вежбаат што дојдат на возраст да можат да седат на маса.
Децата растат со формални настани. Исто така, начинот на зборување и облекување бара формалност.
# Вообичаено учат и друг јазик
Многу членови од кралското семејство учеле странски јазици уште како деца - кралицата Елизабета II, принцот Чарлс и принцот Вилијам течно зборуваат француски јазик.
Традицијата се пренесува на децата, па Кејт Мидлот започна да го учи принцот Џорџ да зборува шпански уште кога имаше само две години.
# Момчињата треба да носат кратки панталони
Кралските деца мора да почитуваат и одредени модни правила, меѓу кои најчудното е тоа што момчињата во јавност може да носат само кратки панталони.
Се верува дека таквиот „аутфит“ е пример за дете со сина крв, бидејќи долгите панталони ги носат децата од средниот сталеж.
# А, девојчињата само фустани
Кога станува збор за облекувањето на малите принцези, на нив им е дозволено да носат само фустани со класичен крој. Од друга страна, панталони и здолништа не може да се најдат во нивните плакари.
Оваа традиции потекнува уште од времето кога Ана, ќерката на кралицата била мала.
# Не јадат купена храна за бебиња
Ова правило подразбира дека не јадат никаква конзервирана храна за бебиња, туку храната им ја подготвуваат приватни готвачи.
Првите оброци на децата од кралското семејство обично се кашички од јаболка и крушка, зготвени на пареа.
# Не смеат да играат Монопол
Оваа игра е забранета во кралската палата, бидејќи во минатото некои членови поради неа станале премногу конкурентски настроени.
# Може да прифаќаат подароци
Како и сите членови на кралското семејство, така и кралските деца секогаш мора да ги прифатат подароците кои ги добиваат од останатите луѓе.
# Но, обично не ги задржуваат истите
Од играчки до букети, децата во кралското семејство често добиваат многу подароци кога ќе се појават на јавни настани.
Сепак, кралскиот протокол наложува дека кралицата одлучува кои подарици смеат да ги задржат.
# Не смеат да носат црна облека на дневни настани
Во кралското семејство, црната боја се носи само на погреби и за време на жалост. Поради тоа оваа боја е забранета на дневни настани.
Но, од ова правило има исклучок, а кој беше направен поради принцот Џорџ, кој беше облечен во црно војничко одело на венчавката на својот чичко, принцот Хари.
# Но, секогаш мора да имаат црн „аутфит“ при рака
Кога се на патување, сите припадници на кралското семејство мора да имаат облека во црна боја при рака, во случај да имаат смртен случај додека се на пат.
Кралицата Елизабета ова правило го воведе по смртта на нејзиниот татко, бидејќи таа беше во Африка кога тој почина, а со себе не носела црна облека.
# Мора малку да пораснат за да присуствуваат на божиќната миса
Дури кога малку ќе пораснат, им се дозволува со возрасните да одат на божиќната миса, па така пирнцот Џорџ и принцезата Шарлот во 2019 година за првпат присуствуваа на истата.
# На божиќниот ручек седат на посебна маса во посебна просторија
Кралските деца, Божиќ го поминуваат во Сандрингам со членовите на своето семејство со задолжителен празничен ручек. Но, правилото наложува децата да не седат на иста маса со возрасните, туку во друга просторија.
# На Божиќ не смеат да ги отвараат подароците
На Божиќ традиционално одат на миса во црквата Света Марија Магдалена, а потоа на семеен ручек. На овој празник тие не смеат да ги отвараат подароците.
# Додека не се омажат, принцезите не смеат да носат дијадеми
Дијадемите се синоним за принцези и жени со сина крв, но се резервирани само за мажени дами.