Не застанува: Бака Прасе ја преработи песната „Вуду“
Богдан Илиќ или попознат како Бака Прасе има ново/стар хит. Ја обработи песната „Вуду“ која ја изведуваат Теодора Џехверовиќ и Девито, а на чиј текст се потпишуваат Марко Морено и Девито, песна која се придружи на неговите познати хитови „Она, она“, „Све вас волим“, „Бламага“ и многу други.
Бака Прасе има „нова“ песна, која на сите им е веќе добро позната, бидејќи истата е всушност обработка на хитот „Вуду“ на Девито и Теодора. Видеото исто така е снимено по примерот на оригиналот, а Бака Прасе своите обожаватели навистина ги насмеа со својот стајлинг за кој стави и перика.
Обожавателите на Бака ги слушнаа двете верзии и започнаа да споредуваат. Во коментари на фотографијата на Инстаграм профилот на Бака, многумина признаа дека Бака добро ги измамил. Очекувале нова песна, но не им е жал бидејќи јутјуберот добро ги насмеал. На некои од нив, новата верзија им се допаѓа повеќе од оригиналот.
Која верзија на песната ви се допаѓа повеќе?