Недолично однесување на јутјубер во трговски центар: Најдобриот другар на Бака Прасе повторно го крши законот
Српскиот јутјубер Данило Бадњар, попознат како Чода, уште еднаш го докажа своето недолично однесување во еден трговски центар во Белград.
Имено, без оглед на огромната гаража која ја поседува трговскиот центар во кој беше јутјуберот, и тоа на неколку нивоа, тој одбра да се паркира на непрописмо место.
Чода своето скапоцено „порше“ го паркираше на место на кое не смее, а екипата на порталот „Телеграф.рс“ го забележа тоа.
Но, на неговото недолично однесување немаше крај, бидејќи дел од автомобилот имаше оставено на стазата која е предвидена за минување на автомобилите, односно возење.
Фотографиите од неговиот непрописно паркиран автомобил погледнете ги во продолжение:
фото: Телеграф.рс / Принтскрин/Инстаграм