„Неизвесноста ја уништува нашата мотивација“: Матурантите со АПЕЛ до Министерството за образование и наука
Откако на вчерашната прес конференција министерот за образование Арбер Адеми не даде конкретен одговор на прашањето кое ги загрижува овогодинешните матуранти, тие ја продолжуваат својата мисија и со сите сили се трудат да се изборат за своите права.
Освен петицијата која од ден во ден собира се повеќе потписи, овој пат тие упатија апел до Министерството за образование и наука на чело со министерот Арбер Адеми во кое уште еднаш јавно ги образложија причините зошто откажувањето на државната матура е важно за секој еден од нив.
Во продолжение во целост ви го претставуваме нивниот апел: