„Нека ти биде срам Ања“: Вереницата на Бака Прасе навредуваше малолетници кои сакаа да се снимаат со неа (ВИДЕО)
Босанската инфлуенсерка збеснала кога со автомобил пристигнала во трговски центар, бидејќи ја чекале деца кои ја снимале.
Девојката на популарниот српски јутјубер Бака Прасе, Ања Благојевиќ, позната како Ања Бла, сака да биде инфлуенсер и јавна личност, но не може да издржи кога и приоѓаат деца и обожаватели. Во една прилика, инфлуенсерка збеснала кога пристигнала пред зградата во Белград во која живее, бидејќи таму ја чекале децата кои ја снимале.
Веќе на влезот во гаражата Ања збеснала и почнала да ги пцуе малолетниците и да ги турка.
- Ајде од*еби! Ајде од*еби што не ти е јасно - врескаше таа.
Меѓутоа, додека продолжиле да ја снимаат, Ања излегла од автомобилот и ги бркала, а момчињата почнале да бегаат.
- Ања Бла без причина почна да не пцуе затоа што ја снимавме - пишува во описот на видеото кое се појави на TikTok.
Да потсетиме, девојката на Бака, по што е и најмногу позната, неодамна се изнервирала кога била во скапиот автомобил на своето момче, а кога сакала да излезе од него, децата почнале да ја задеваат.
Малолетници удирале во автомобилот, застанале пред него и не се грижеле што е во движење, а Благојевиќ не знаела како да се извлече од оваа ситуација.
Децата без никаков страв застанаа на улица само за да ја снимаат девојката на Бака која поради ваквата ситуација мораше да се огласи јавно и на социјалните мрежи.
- Можеби ќе ви звучи чудно, но јас навистина не сакам вакво внимание и би ги замолила сите да не ми приоѓаат на улица, барем не на овој начин. Знам дека ќе има многу од вас кои ќе кажете дека јас самата избрав да бидам јавна личност, но ова ја надмина секоја мерка - напиша Ања Бла на својата Инстаграм.
А како изгледаше овој пат нејзината реакција кон малолетниците кои беа пријателски наклонети погледнете:
Фото:youtube/screenshot@andrejcarsspoting original sound - Andrej BMW