Неколку факти што ќе променат сѐ што сте знаеле за историјата и времето!
Факти како овие ни покажуваат колку може да биде непрецизна нашата перцепција за времето и историјата.
# Денес на секои 2 минути правиме повеќе фотографии од целото човештво во 19 век. Пример пресметано е дека во 2014 година се направени околу 880 милијарди фотографии.
# Во периодот кога е основан Ворнер Брос сѐ уште постоело Отоманското царство. Својата прва киносала Хери, Алберт, Сем и Џек Ворнер ја отвориле во 1903 година во периодот кога уште постоело Отоманското царство.
# Секој човек живее барем 80 милисекунди во минатото. Постојат научници кои веруваат дека нашата свест секогаш е меѓу реалниот момент и нашето спознание на тој момент. Нештото веќе се случило пред мозокот да создаде слика за него.
# Повеќе време е поминато од Стегосаурус и Тираносаурус рекс отколку меѓу Тираносаурус рекс и нас. Стегосаурусот живеел пред околу 150 милиони години, додека Тираносаурусот рекс пред само 65 милиони години. Практично вчера. :)
# Денес постојат живи китови кои се родени пред да биде напишан Моби Дик. Некои од китовите кои живеат близу брегот на Алјаска имаат повеќе од 200 години. Тоа значи дека се родени пред да биде напишан Моби Дик во 1851 година.
# Образовната институција Оксфорд е постара од Астеките. Предавањата на Оксфорд започнале во 1096 г., а во текот на 1249 г. овој факултет е службено официјализиран. Цивилизацијата на Астеките е основана во 1325 година.
# Поголема сила за обработување информации има дигитронот отколку компјутерот кој го спуштил Аполо 11 на Месечината. Компјутерот кој го водел Аполо 11 користел 1024 мегахерци сила, што е една шестина од енергијата која ја користи дигитронот.