Нема да дозволам другарката да помине без казна: Мајката на Кика Ѓукиќ изнесе нови детали за мистериозната смрт на јутјуберката
Наташа се сомнева дека на нејзината ќерка некој намерно ѝ ја дал дрогата, која на обдукцијата ѝ беше пронајдена во крвта...
Мајката на прерано починатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, Наташа, со сите сили се труди да дојде до разрешување на мистериозната смрт. Таа во повеќе наврати досега се појави во јавноста, каде изнесуваше факти, но и свои сомнежи поврзани за изненадната смрт на ќерка ѝ, која уште тешко ја поднесува. Тоа и денес беше случај, за време на гостувањето во утринската програма на „Пинк“, каде повторно го обработи целиот случај.
Како што кажа мајката на јутјуберката, постојат низа нелогичности кога е во прашање смртта на Кика, а таа тврди и дека нејзината другарка, како и инспекторот цело време лажеле. Наташа, исто така ги изнесе своите сомнежи дека другарката на Кика е виновна за нејзината смрт.
Разговорот со водителката Јована Јеремиќ го започна прераскажувајќи ја средбата со поранешното момче на нејзината ќерка, кое тврди дека не го избришал Инстаграм профилот на Кика, што е исто така спорно во целиот случај.
„Кика и јас никогаш немавме тајни, таа имаше 19 години и 5 месеци кога кажа: „Одам да спијам со момчето“, имаше едно прекрасно момче од Финска. Со ова момче, врската ѝ беше токсична. Јас се видов со него, го повикав да дојде кај мене и не можев да верувам дека дојде сам. Ми кажа: „Јас дојдов по системот - подобро вие да ме убиете отколку да се јадам цел живот“. Тој ми се колнеше во сѐ дека не го избришал нејзиниот Инстаграм профил“ - кажа Наташа и потоа се осврна на шпекулациите дека нејзината ќерка два пати се обидела да се убие.
„Јас која сум три пати потешка од неа, кога би се фрлила од било кој од тие два моста, не би преживеала, а камо ли таа. Да се случело тоа, со оглед на тоа што сите ја следеа, за тоа ќе пишуваше цел свет. Таа беше на Бранковиот мост кога се скара со момчето, но таа не сакаше да се убие, сакате само тој да дојде. Она него го чекаше два часа и му испрати порака, тој и јас ја собравме. Кога бевме во „Лаза“ со неа, на докторката ѝ кажа: „Јас само сакав тој да дојде“, беше голем манипулатор кога е љубовта во прашање“.
Наташа потоа уште една се осврна на пријателката на Кика, која ѝ е сомнителна, особено бидејќи на семејство Ѓукиќ 4 месеци не му ги давала лозинките на профилите на Кика на социјалните мрежи.
„Таа со месеци ни доаѓаше во куќата, околу четири месеци беше тука, по што конечно се сети на лозинката на Кика на Инстаграм, а стави објави, сето тоа јас го изјавив во обвинителството.“
За самиот крај, Наташа додаде и дека се сомнева дека некој на нејзината ќерка намерно ѝ дал дрога, а дека ги отстранил сите докази.
„Кика уште како мала имаше проблем со голтањето таблети, за да би испила бенседин морала да испие барем половина литар вода, единствено за што можам да ѝ се заблагодарам на таа другарка е што кажала дека покрај Кика немало ниту чаша, ниту шише. Постои можност некој да бил во станот и да ѝ дал по принципот - испиј ќе те смири, и да го однел шишето со себе“ - раскажа Наташа.
фото: Принтскрин / Јутјуб