Нема да може да ги задржите солзите: Видео од моментот кога мајката за првпат го слуша срцето на синот во друго дете
Две мајки ги спои една прекрасна и истовремено трогателна приказна. Имено, на 4-годишната ќерка на Естер Гонзалес ѝ било пресадено срцето на синот на Хедер Кларк, кој ненадејно починал на 7 месеци. Три години по трансплантацијата, тие се стретнале за првпат и Хедер го слушнала срцето на нејзиното бебе, кое сè уште чука.
Момчето Лукас Кларк имало само 7 месеци кога ненадејно починало. Неговата мајка Хедер Кларк донела тешка, но икслучително дарежлива одлука да ги донира неговите органи, срце, бубрези и црн дроб за да помогне на други деца. Три години подоцна се случил магичниот момент - Хедер го запознала малото девојче кое го добило срцето на нејзиниот син и слушнала како чука.
Срцето на синот на Гедер го добила четиригодишната Џордан Дрејк, која имала вродена рсцева мана. Благодарение на трансплантацијата, Џордан денес е среќна девојка, полна со енергија. Мајката на Џордан, Естер Гонзалес и Хедер стапиле во контакт преку социјалните мрежи и неодамна успеале да се видат.
Двете мајки се сретнале во болница во Феникс, а она што следувале ги преплавило со емоции, не само нив, туку и целиот свет, поточно сите луѓе кои ја видоа оваа трогателна средба. Хедер добила стетоскоп и го ставила на градите на Џордан. Тогаш го слушнала срцето на нејзиниот син, кој сега ѝ припаѓа на оваа девојка.
„Тоа е твоето дете“ - ѝ рече Естер. Двете мајки потоа се прегрнаа со солзи во очите. Хедер открила дека одлуката анонимни да ги донира органите на нејзините син била исклучително болна за неа.
„Кога мојот син почина, знаев дека не можам ништо да направам со неговите органи, па помислив зошто да не спасам туѓ живот. Но, кога ја потпишав согласноста, сфатив дека моето бебе навистина го нема. И тоа беше многу тшеко“ - изјави Хедер.
Повторнорното слушање на чукањето на срцето на Лукас било подарок за неа.
„Срцето силно чукаше. Чувствував дека Лукас е до мене. Тој живее преку Џродан, нема сомнеж за тоа“ - вели Хедер Кларк.