Нема да се заморите: ТикТокерка советува како да ја исчистите која било просторија за само пет минути

Нема да се заморите: ТикТокерка советува како да ја исчистите која било просторија за само пет минути

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Само брзо избришете ја нечистотијата каде што се гледа, вели ТикТокеркатa и го објасни својот едноставен метод

Експерт за чистење што објавува на TikTok под името @NeatCaroline во своето видео покажа како ја чисти својата дневна соба за само пет минути; а за да не чистите подолго од тоа, дури и предлага да ја вклучите стоперката. 

- Прво се ослободувам од се‘ што не е за таму, храна, облека, книги и полначи - објасни таа, по што ги поправа перниците на каучот и го дипли ќебето.

„Ова е лесен начин да направите вашиот дом веднаш да изгледа чист и уреден“, рече таа.

Керолајн потоа го зема својот спреј за чистење, која го направила сама од оцет и вода и со крпа ги брише сите површини на кои има дамки и нечистотија.

- Само брзо избришете сè што се гледа - вели таа, па со крпа од микрофибер ја вади прашината од телевизорот и ги фрла играчките во кутијата. На крајот, ТикТокерката набрзина помина со правосмукалка во собата, додавајќи дека тоа да го правите само ако ви остане време, а своето видео го заврши со напомена дека завршила со чистење две секунди пред истекот на времето.

ТикТокерка советува како да ја исчистите која било просторија за само пет минути - без замор


- Една од моите новогодишни одлуки е да чистам почесто, а во тоа ми помагаат твоите објави, благодарам! – ѝ напишал еден од нејзините следбеници, а други додале дека на ист начин за пет минути може да се исчистат и другите простории, како кујната или трпезаријата. – Треба само да бидете редовни – заклучил авторот, пренесува The Sun.


Фото и Видео: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: