Необично булдог кученце стана светска атракција: Ова се случува еднаш во 10.000 случаи (ФОТО/ВИДЕО)
Тревор Мошер и неговата сопруга Одра очекувале нивната тригодишна женка булдог, Фреја, да роди седум кучиња откако ултразвукот открил 7 фетуси неколку недели пред тоа.
„Фреја на 27 јануари родила седум кучиња, со разлика од 20 до 25 минути, и беше точна „како часовник“ - кажа Тревор.
Внимателниот сопственик почнал да ја чисти Фреја со топла вода и сапун. Одеднаш, Фреја повторно добила болку. Овој пат изгледала многу поинаку.
Околу телото на кученцето била обложена црна постелка, за разлика од неговите браќа и сестри, кои сите биле во проѕирни постелки. Двојката мислела дека нешто не е во ред и верувало дека кучето се родило мртво. Тогаш забележале дека сепак почнало да се движи и да прави бука.
Булдугот на свет донело „чудно“ куче со светлозелено крзно.
Кученцето се однесувало сосема нормално и од тогаш само напредува. Малото кученце го започнало животот без здравствени проблеми, а зелената нијанса е препишана на необичниот процес во матката.
Тревор за „Глобал Њус“ кажал:
„Почнавме да го сушиме и забележавме дека е зелено и повторно помисливме дека нешто не е во ред. Па изгуглавме, „моето куче е зелено, што не е во ред“, и очигледно беше дека тоа е многу ретко и се случува само неколку пати ширум светот“.
Експертите ветеринари велат дека вакво нешто се случува еднаш во 10.000 случаи и дека тие самите немале можност некогаш да бидат сведоци на вакви случаи.
Тревор бил воодушевен од целата ситуација и бил „многу среќен што присуствувал и бил дел од тоа“, откривајќи дека сега со сопругата смислуваат име за посебното кученце.
За жал, се очекува нејзиното крзно да избледи во нормална боја со текот на времето.
фото: Принтскрин / Фејсбук / Јутјуб