Неразделни се од 12 години: Оваа фатална убавица ќе биде кума на свадбата на Анастасија Ражнатовиќ
Пријателството од мали нозе ќе го крунисаат со кумство
Ќерката на познатата фолк дива Светлана Цеце Ражнатовиќ и музичка ѕвезда во подем - Анастасија Ражнатовиќ е во стабилна врска со избраникот Ѓорге Куљиќ, па многумина не би биле изненадени доколку пејачката застане на „лудиот камен“. За тоа секако многу се зборува, особено откако младиот пар се всели во нивниот нов скап стан во центарот на Белград.
Кога ќе дојде тој ден, нема дилема дека младата пејачка ќе избере убава венчаница, дека списокот на гости ќе биде впечатлив, како и дека за радоста ќе се зборува месеци пред и потоа. Слично како кога нејзината мајка се мажеше ...
Иако се‘ уште нема полемики за тој ден, Анастасија веќе одлучила едно, а тоа е која ќе и биде кума.
- Таа ми е најдобра пријателка. На свадбата ќе ми биде кума. За неа не ми е ништо тешко да направам. Се знаеме и се дружиме од мојата 12-та година – изјави Ражнатовиќ во емисијата „Неделно попладне“ откако нејзината пријателка Тара откри дека младата пејачка целиот свој живот го ставила на пауза две недели, за да и посвети внимание исклучиво на неа откако дознала дека се заразила со корона вирус.
Тара е внука на поранешниот легендарен фудбалски тренер Велибор Бора Милутиновиќ и ќерка на познатото телевизиско лице Драгана Милиќевиќ и фудбалерот Урош Милутиновиќ. Од 1991 до 1997 година, мајката на Тара беше новинарка, уредничка и програмска уредничка во Студио Б, а потоа до 2002 година уредничка на ПГ „Мрежа“.
Фото: Инстаграм - Тара Милутиновиќ- Анастасија Ражнатовиќ