Нетфлик си шокираше сите: Бара дополнително плаќање за споделување на профилот со луѓе надвор од вашето домаќинство
На добрите стари денови кога се споделуваше Нетфликс со пријателите изгледа им доаѓа крај...
Не е тајна дека сопствениците на профил на Нетфликс, лозинката ја делат со пријателите и семејството кои не живеат во истото домаќинство. Стриминг услогата дозволува споделување на профилот уште од својот почеток, но таа пракса, судејќи по сѐ, наскоро ќе се промени.
Нетфликс формулираше планови за борба против споделувањето лозинки надвор од едно домаќинство, така што на корисниците дополнително ќе им се наплаќа за тоа. Гласините за тоа дека Нетфликс планира да го органичи споделувањето на профилот кружат веќе некое време.
Меѓутоа, ова е првпат компанијата официјално да признае дека прави нешто по тоа прашање.
„Профилите се споделуваат помеѓу домаќинствата - што влијае на нашата способност да инвестираме во прекрасни нови серии и филмови за нашите корисници“ - наведе Нетфликс во соопштението за медиумите.
Во наредните неколку недели, стриминг платформата ќе почне да тестира и две нови функции на одбрани пазари, при што членовите ќе мораат да платат дополнителни 2 до 3 долари за споделување на своите лозинки со луѓето надвор од своето домаќинство.
Оние кои ќе се преплатат на Standard и Premium ќе можат да додаваат подпрофили за најмногу две личности со кои не живеат, од кои секој ќе добие свој профил, персонализирани препораки, пријави и лозинки.
Корисниците кои ги имаат Basic, Standard и Premium профилите ќе може, исто така, да им овозможат на луѓето со кои ги споделуваат своите профили да пренесат информации за својот профил или на нов профил или на подпрофил.
На овој начин ќе може да се задржи својата историја на гледање, листата на следење и персонализираните препораки.
Засега Нетфликс новите функции ќе ги тестира само во Чиле, Костарика и Перу. Уште не е познато дали компанијата ќе ја примени новата пракса на глобално ниво, откако тестирањето ќе биде завршено.
фото: unsplash.com