Нетфликс ја откри судбината на серијата „Emily in Paris“: Ќе ја укинат ли поради лошите коментари или ќе добие нова сезона?
Сите ја „хејтаат“, но и сите ја гледаат...
Нетфликс откри какви планови има за една од нивните моментално најпопуларна серија. Сите зборуваат за „Emily in Paris“. Не секогаш коментарите се најдобри, но е дефинитивно во центарот на вниманието. А, сега знаеме каква и е судбината.
Изгледа како никој да не ја сака Емили. Сите само зборуваат за тоа колку серијата е лоша и здодевна, но постојано е во топ 10 на Нетфликс. Колку и да сакаат да ја мразат, изгледа дека сите ги интересира за што се зборува. И пред да сфатиш, ќе се навлечеш на неа и ќе ја изгледаш во еден здив. Нетфликс откри дека иако сите ја „хејтаат“ оваа серија, таа ќе има нова сезона. По втората, крајот не се ни наближува, а од Нетфликс најавија дека ќе има уште барем две сезони.
Say bonjour to 3 & 4! EMILY IN PARIS is officially returning for two more seasons.
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) January 10, 2022
Иако последната сезона беше објавена на 22 декември, пред помалку од еден месец, изгледа дека се покажа дека е доволно голем хит за да има продолжение. За некои ова е одлична вест, за други баш и не. Сепак, факт е дека првата сезона од серијата за еден месец ја имаат изгледано 58 милиони луѓе. Сигурно ниту втората сезона не помина полошо, бидејќи од Нетфликс најавија уште две нови. Обожавателите има на што да се радуваат. Од Нетфликс засега не откриваат кога ќе биде објавена третата сезона.