Неуредните луѓе се поопуштени и покративни од педантните?!
Следниот пат кога некој ќе ви проговори за тоа колку сте неуредни испратете му ја оваа статија. Хахахаха....
Знаеме дека чистењето има добро влијание на здравјето, бидејќи кога чистиме се решаваме од стресот и пропратно вежбаме. Но, не колку би верувале дека и неуредноста има свои предности. Наводно неуредните луѓе се покреативни од уредните, покажува најновото истражување.
Доколку престојувате во неуредна соба, тоа често може да ве опушти повеќе отколку чистењето, но нередот има повеќе влијание на нашата креативност. Имено, резултатите од истражувањата од 2013 годинапокажале дека лушето, кои во експериментот престојувале во неуредна соба, смислиле повеќе креативни идеи од оние кои престојувале во уредна просторија.
Исто така биле посмирени и многу иновативни во своите идеи. Па така, во иднина не мора многу да се грижиш за нередот во собата. Доколку ти падне на памет некоја супер идеја, затвори се во неуредна просторија. Но, потоа задолжително исчисти ја...