Неверојатна трансформација на српскиот шминкер во Констракта: „Ова е лудило, подобро од оригиналот“ (ВИДЕО)

Неверојатна трансформација на српскиот шминкер во Констракта: „Ова е лудило, подобро од оригиналот“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Стефан и порано предизвикуваше воодушевување поради своите трансформации, но за трансформацијата во Констракта велат дека направил полн погодок...

Стефан Суботиќ, уметникот кој често прикажува колкава е моќта на шминката, ги воодушеви сите со својата последна трансформација.

Стефан со помош на шминката успеа да се „претвори“ во Констракта, српската претставничка за Евровизија.

„Почекав барем малку да се смири лудилото со Констракта, бидејќи од моментот кога ја слушнав песната и го впив секој збор од текстот, бев воодушевен од спојот на лудилото и уметноста, донесени со силни зборови, силни лекции и автентичност во улога вредна 5 минути и неверојатна креативност, достојна за победа, не само на Беовизија, туку и на европско ниво. Уметникот мора да биде здрав“ - напиша Суботиќ на Инстаграм.

Луѓето во коментари покажаа дека се апсолутно воодушевени од вештината на шминкерот.

Суботиќ објави уште една фотографија од себе како Констракта, што кога ќе ја видите никогаш не би се посомневале дека е во прашање „лажната“ Ана Ѓуриќ.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: