Неверојатната приказна за единственото девојчето кое е родено во Чернобил!
Маријка има 20 години, таа е здрава и успешна студентка. Се родила во опасната и евакуациска зона во Чернобил, јадела озрачена храна и се капела во околното езеро. За многумина таа претставува „ренесанса од Чернобил“.
Маријка е единственото дете кое се родило во опасната зона Чернобил во 1999 година, една деценија по катастрофата. Украинските власти на почетокот го криеле нејзиното раѓање, засрамени од фактот дека луѓето и понатаму живееле иако имало евакуација.
Нејзините родители Лидиа и Микхаил одбиле да се преселат, бидејќи од власта не добиле алтернативен дом. Таткото бил пожарникар. Мајката не ни знаела дека е бремена се додека не и започнале породилните болки. Сопругот и помогнал да се породи.
Откако луѓето слушнале за „детето од Чернобил“, многумина ги осудувале родителите бидејќи не сакале да си одат од својот дом. Но, тие продолжиле да ја воспитуваат и чуваат Маријка таму, без оглед на бројните опасности. Ги игнорирале многубројните предупредувања, па и давале на ќерка си да пие кравјо млеко и да плива во потокот кој бил озрачен.
„Доколку луѓето мислам дека таа е мутант, дека има две глави, се лажат“ - во една прилика рече нејзината мајка.
„Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво, колку што ние гледаме“ - додава таа.
Во 2006 година, Маријка за прв дал дала интервју за медиумите, во кое кажа раскажува дека е многу осамена. Во зоната каде што живее немало никој, па дури ни посетители.
„Кога барем би имало уште едно дете, би му ја покажувала мојата куќа и село, многу ќе се забавуваме“ - изјавила таа.
Кога наполнила 7 години, Маријка се преселила за да може да оди на училиште. Сега е студент на добар универзитет и еден ден сака да работи фармација. Факултетот си го плаќа сама и работи во бар.
„Добро сум, работам. Се издржувам сама. Тоа е тоа.“ - кратко изјави за Sunday Express. Иако сега живее и работи надвор од опасната зона и понатаму ја посетува својата мајка која се уште живее таму.
„Луѓето овде веруваат дека Маријка е симбол на ренесансата Чернобил, знак од Бог кој им вели дека животот се враќа во тоа место“ - изјави нејзината мајка Лидиа, јавува Daily Mail.