Невоспитан или само непослушен: Синот на Меси со еден потег ја налути публиката, а неговата мајка од срам пропадна во земја
Еден од синовите на Лионел Меси на аргентинските навивачи и своите родители им приреди сцена која тешко дека ќе можат да ја заборават...
Како и многу фудбалери, капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, на Светското првенство ја има поддршката од семејството, а најжестоко го поддржуваат сопругата Антонела Рокуко и неговите тројца синови.
Тие не ги пропуштаат натпреварите на својот национален тим и го подбрат Меси и неговите колеги од ВИП ложата, а така беше и на натпреварарот од осмина финалето против Австралија.
Убавата Антонела привлече многу внимание и предизвика многу комплименти кога се појави на стадионот во виолетовиот дрес со името и бројот на својот сопруг, но за нејзиниот син Матео, обожавателите немаат пофални зборови.
Момчето, кое е познато по тоа што на натпреварите на кои игра Меси е секогаш интересно на публиката, сега беше уловено како ја вади гумата за џваќање од уста и со неа ги гаѓа навивачите на аргентина кои седеа под ложата. Неговата мајка го забележила што сака да направи и во еден момент го спречила, но на крајот сепак ја фрлил мастиката.
Antonella retándolo y ese palito de chupetín en una semana está en Mercado Libre ofertado por 200 palos verdes pic.twitter.com/ckLXH1NchR
— #LaRomi (@LaRomiScalora) December 4, 2022
Сопругата на Меси не можела да сокрие колку ѝ е непријатно, а реакциите се брутални.
„Меси толку тренира што не успева да ги воспита децата“, „Ова е толку невоспитано што немам зборови“, „Доколку ова е син на Роналдо или Нејман, сите ќе зборуваа за тоа колку е невоспитан, но вака се правиме дека не сме виделе“, „Колку е понижувачко да те гаѓа ова дете“, „Сирота Антонела сака да пропадне во земја од срам“ - се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Меси по натпреварот истакна дека е среќен што неговите синови биде во публика.
„Моето семејство ми е секогаш во срцето, а моите синови сега се договолно големи за да разберат што се случува и колку ова натпреварување ми е важно. Ги прославуваат головите, уживаат во победите и среќен сум што можеме да го споделиме ова искуство“ - изјави фудбалерот.
Покрај Матео, Меси и Антонела ги имаат и синовите Тиаго и Чиро.
фото: Принтскрин / Инстаграм