Ни дождот не ја спречи девојката од Сплит да танцува: Се надевам дека поттикнав некој да се осмели да направи нешто забавно за себе (ВИДЕО)

Ни дождот не ја спречи девојката од Сплит да танцува: Се надевам дека поттикнав некој да се осмели да направи нешто забавно за себе (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Иван Башиќ од Сплит пред два дена на Фејсбук објави видео од девојка која танцува на дожд на едно игралиште во квартот Сплит 3, а видеото на многумина им го разубави викендот...

Сплит викендот го погоди невреме, а додека некои брзаа да се засолната од дождот, една девојка одлучи да танцува на него. Иван Башиќ од Сплит пред два дена на Фејсбук објави видео од девојка која танцува на дожд на едно игралиште во квартот Сплит 3, а видеото на многумина им го разубави викендот.


На медиумите во Хрватска не им требаше долго да ја пронајдат девојката, која веќе 5 години се занимава со танц.

Отсекогаш многу сум го сакала дождот и искрено уживам да го драматизирам сопствениот живот, па често правам неконвенционални работи поради кои се чувствувам како да сум во филм. На видеото не се грижев за тоа како ќе изгледа танцот, не би го нарекла тоа ни танц, колку што се некакви органски движења. Веќе изведував вакви работи на улица, на ливади, пред својата зграда“ - раскажа за „Index“ Барбара Брчиќ, девојката од видеото.

„Реакцијата пријатно ме изненади. Имав некои чувство, уште додека бев на игралиштето, дека некој ќе ме сними, но не размислував премногу за тоа. Се надевам дека поттикнав некој да се осмели и да направи нешто забавно за себе и да не се грижи за тоа дали другите ќе го осудуваат“ - истакна Барбара.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: