Ние продолжуваме да учиме: Наставничката Ѓургица не се откажува од своите ученици
Училиштата во Македонија приморани од моменталната ситуација со која се соочува целиот свет, ги користат сите ресурси за продолжување на образовниот процес во домашни услови.
Одличен пример за ова Ѓургица Грнчарова од Струмица, која е наставник/професор по „Италијански јазик“. Таа за Хаштаг го објасни нивниот процес на работа:
„Со учениците од седмо одделение при ООУ „Сандо Масев“ - Струмица и ООУ „Даме Груев“ - Куклиш (шесто и седмо одделение), од 16.03 - понеделник имаме формирано посебни групи на Фејсбук. Таму јас им праќам материјали, тестови, вежби кои тие во одреден рок треба да ги решат и да ми ги препратат назад да ги проверам. Исто така тие секогаш имаат простор да ме прашаат за тоа што не им е јасно.“
Таа исто така истакна дека наставниците од сите основни училишта соработуваат заедно и дека постојано се во комуникација.
„Ние наставниците по италијански јазик од сите основни училишта соработуваме меѓусебно и преку нашата формирана група си разменуваме материјали. Исто така, преку една online апликација kahoot која може секој ученик да ја користи од секое школо во Македонија учениците може да се натпреваруваат меѓусебно.“ - додаде оваа посветена наставничка, која на својот профил гордо сподели фотографии од работата со учениците.
Браво наставничке!
И.М.
Средните училишта со опција УЧИ ОД ДОМА: Директорите на ПТТ и Дрен дадоа зелено светло