Средните училишта со опција УЧИ ОД ДОМА: Директорите на ПТТ и Дрен дадоа зелено светло

Средните училишта со опција УЧИ ОД ДОМА: Директорите на ПТТ и Дрен дадоа зелено светло

Објавена во: Совети // School zone

Основните училишта и универзитетите започнаа со поставување на лекции и задачи за лекции кои учениците и студентите би требало да ги совладаат додека се во овој период на изолација. Сево ова е со цел да не сопре процесот на едукација. 

Досега најзагрозени беа средношколците, бидејќи ниту едно средно училиште немаше објавено нешто по ова прашање. Оваа ситуација се промени во текот на денот, исто како што се променува моменталната ситуација со бројот на заболени од коронавирусот.

Помеѓу првите средните училишта кои ја започнаа оваа иницијатива се СУГС „Владо Тасевски“ и СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Директорите и на двете училишта, Александар Сибиновски и Александар Канурков, за Хаштаг ја потврдија оваа информација и накратко ни објаснија како ќе се одвива понатамошното едуцирање на учениците.

Благодарејќи за можноста да споделат ваква информација, истакнаа дека сакаат да бидат мотиватиција и за останатите училишта за да пристапат на ваквиот начин на електронско учење.

„Благодарение на нашите наставници - ентузијасти денес е ставена во функција посебна веб страна на нашето училиште, со алатка за е - леарнинг. Таму нашите предметни наставници споделуваат материјали во електронска форма за сите наставни години, согласно наставните програми. На овој начин сакаме да влијаеме на нашите ученици, дел од времето за овој принуден „распуст“ го трошат на учење преку за нив омилениот уред (компјутер,телефон).“ - истакна директорот на ПТТ, Сибиновски.

„Нашето училиште се потруди да изработи страна каде ќе може да ги симнете маријателите за настава и дома да ги учите и разработувате. Истата ќе биде прикачена на Фејсбук страната на училиштето и искрено се надевам дека сето ова ќе ви биде од корист, особено во овие моменти на прекин на наставниот процес.“ - дададе Канурков, директорот на Дрен.

Лидерите на овие две училишта, исто така испратија и апел до учениците, кој секако треба да се прифати како добронамерен, бидејќи образованието е најважно за иднината на секој поединец во општеството.

„Останете дома, почитувајте ги препораките од надлежните, другарувајте преку социјалните мрежи, а ние наставниците се надеваме дека можеби ќе се заситите од нив, па кога ќе се вратите во училишните клупи, ќе бидете повнимателни на наставата.“ - гласи пораката на директорот на ПТТ.

За разлика од него, директорот на Дрен посочи дека разумната свет и одговорност се клучни за надминување на оваа ситуација:

„Почитувани ученици образиванието отсекогаш низ историјата поминувало низ искушенија и предизвици, иако можеби за првпат (се надевам и последен) од ваков тип во време на епидемија. Искрено се надевам дека ова со разумна свест и одговорност  сите ќе го пребродиме и повторно ќе се вратиме во училишните клупи.“

Линкот за алатката за е - леарнинг на СУГС „Владо Тасевски“: 

https://ucioddomavladotase.wixsite.com/mysite?fbclid=IwAR2E8oyrxq_2w-NTd25R1sA9Xhl1m1nUmNp10GjP6TNUImFzy1ZXI7fDdh4

Е - леарнингот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ ќе се одвива преку платформата Google Classroom, каде учениците ќе се најавуваат со е-маил адреса на google и ќе добиваат пристап до материјателите кои им се потребни.


И.Мисајловска

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: