Никој не може да ги разубеди обожавателите: Сигурни се дека Крис Џенер го откри името на новото бебе

Никој не може да ги разубеди обожавателите: Сигурни се дека Крис Џенер го откри името на новото бебе

Објавена во: Совети // Семејство

Дали навистина го нарекле вака? 

Прва голема вест на стартот на неделата беше дека Кајли се породи. Она што сега ги мачи обожавателите е дека не го открила името на бебето и сите се обидуваат да најдат значење кое би можело да ја открие оваа мистерија.

Веста дека Кајли Џенер го роди второто дете вчера го заобиколи светот. Обожавателите го чекаа овој момент, бидејќи секоја бременост на Кајли беше обвиена со велот на тајноста. Никогаш не сака да ги открие веднаш сите информации, а тоа луѓето ги остава со прашалници над главата. Единствено што знаевме е дека е бремена, а иако не го откри полот на бебето, нема сомнеж во уверувањата на обожавателите дека е во прашање момче. Некои девојки тоа го открија уште пред неколку месеци - и тоа по ноктите кои ги има Кајли и изгледа дека беа во право. Синото срце кое го има ставено Кајли покрај објавата на Инстаграм кажува сѐ. Сега, следното нешто за што се прашуваат луѓето е името на бебето.

Како се вика новиот член на кланот Кардашијан - Џенер? Ова семејство е познато по тоа дека на децата им дава имиња кои не се вообичаени, па така тука се Сторми, Норт, Тру, Дрим... а, новото бебе? Обожавателите се уверени дека Крис ја открила таа тајна. И дека бебето се вика Ангел. И сите тоа го заклучија по коментарите на објавата на Кајли.

Крис, главата на семејството остави коментар „Аngel Pie“, исто така со ангел се вклучи и Ариел, девојката која со години ја шминка Кајли (и сигурно има некои инсајдерски информации), а коментар со тема ангел остави и Ким - сите три личности ѝ се многу блиски на Кајли. За некои ова е доволно. Теоријата е дека ова име моментално е најпопуларната теорија на Интернет. Името дури не звучи толку лудо и неочекувано, како што многумина очекуваа од Кајли.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: