Никој не очекуваше таа да биде баш таму: Ријана за прв пат во јавноста откако стана мајка (ФОТО)

Никој не очекуваше таа да биде баш таму: Ријана за прв пат во јавноста откако стана мајка (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ријана се обидела да остане незабележана, но не успеа.

Пејачката од Барбадос, Ријана во мај стана мајка на момче и оттогаш немаме можност да ја видиме.

Нејзиниот партнер ASAP Rocky и таа поминуваат време во нивниот дом со нивното бебе и не откриваат премногу детали за нивните животи, а сега решиле да заминат на првото патување како мајка и татко.
Двојката ја посети Англија, за настапот на Роки во Лондон, а раперот решил да се дотера пред концертот, па отишол во берберница во Кристал Палас. Ријана во таа прилика му правела друштво, а воодушевените обожаватели го снимија моментот како пејачката го чека својот сакан.

- Поминував покрај салонот и ја видов ѕвездата која ми е идол - напиша една обожавателка на Ријана на Инстаграм.

ВИДЕО:


Инаку, парот во последно време се соочува со многу непријатни гласини.

Како што се пишуваше на социјалните мрежи, ASAP Роки наводно ја изневерил Ријана со нејзината пријателка и позната дизајнерка Амина Муади, што креаторката веднаш  демантираше. Познатиот пар не се огласи за тоа, па многумина веруваат дека тоа е само злонамерна гласина.

извор:GLOSSY

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: