Нина блеска како вистинска ѕвезда: Јелена Томашевиќ за роденденот на својата ќерка објави нови фотки
Како расте, сѐ повеќе личи на мајка си...
Нина Босиљчиќ, ќерката на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ израсна во вистина убавица и тоа го знае скоро целата јавност. Пејачката и актерот еден период избегнуваа да ја покажуваат јавно својата ќерка, па така избегнуваа да ја фотографираат дури и за печатените изданија на најпопуларните магазини во Србија, а беа и многу внимателни и кога објавуваа фотографии на социјалните мрежи. На заедничките фотографии, брачната двојка го криеше лицето на наследничката или пак ја фотографии од зад грб, сѐ со цел во што поголема мера да ја заштитат нејзината приватност и да ѝ дозволат да расте како сите други деца на нејзина возраст.
Дали самата Нина изразила желба да биде видена во јавноста или својата одлука за криење на приватноста, емотивните партнери ја променија, не можеме да знаеме со сигурност, но она што сигурно го знаеме е дека сега Иван и Јелена често се фалат со својата наследничка на Инстаграм. Постојано ја покажуваат нејзината убавина, харизма, дуговитост, а многу често и одат со неа на културни настани, кои се медиумски проследени.
Дека не посоти никој кој повеќе го сакаат од Нина, постојано истакнуваат и двајцата, а Јелена вчера дури јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка. Под фотографиите кои сега за првпат ги објави, напиша: „Љубовта моја веќе наполни 11 години.“
фото: Принтскрин / Инстаграм