Нивните деца го носат името на Архангел Михаил: Овие Македонци денес слават именден на наследниците (ФОТО)
Православните христијани денес го празнуваат празникот посветен на светецот Архангел Михаил. На некои овој празник им е куќна слава, на други пак именден, додека трети на овој ден го слават именденот на нивните деца.
Во последната група се вбројуваат и неколку познати Македонци, кои на своите деца им го имаат дадено името по овој светец.
Првиот на нашата листа е пејачот Ламбе Алабаковски. Тој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неговите синови, со која му го честиташе именденот на постариот син.
„Честит именден сине Михаил“ - напиша Ламбе покрај фотографијата.
Следен е пејачот Димитар Aндоновски, кој исто така е татко на два сина. И неговиот постар син се Михаил, но за разлика од Ламбе, тој сподели фотографија фотографија од светецот, со која го одбележа овој празник.
Како последен, но не и помалку важен го оставивме политичарот Антонио Милошоски. Тој сподели фотографија од неговата ќерка Михаила со која јавно ѝ го честиташе именденот.
„Миахела има именден. Им носи колачиња на другарчињата. За многу години Св. Архангел Миахил“.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук