Норт ѝ направи пренк на помладата сестра: Чикаго наседна на трикот (ВИДЕО)

Норт ѝ направи пренк на помладата сестра: Чикаго наседна на трикот (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Има ли некој не му направил ваков пренк на братот или сестрата?

Норт Вест на профилот на ТикТок, кој го дели со својата мајка Ким Кардашијан, сподели видео во кое се гледа како ѝ прави пренк на својата помлада сестра Чикаго.

Во видеото од 90 секунди гледаме како Норт се обидува својата 4-годишна сестра да ја увери дека нешто не е во ред со нејзиното лице.

Мудрата Норт ја донела својата сестра пред камерата, истовремено ѝ ги покрила очите со раце за ништо да не гледа. Пред да ги тргне рацете, ѝ го протрила лицето. Но, потоа следувале изненадување, левото око на Чикаго повеќе не било на свое место.

„Чикаго што не е во ред со твоето лице?“ - прашала Норт.

Но, малото девојче се насмеало и ја прашало постарата сестра: „Дали ти го направи тоа?“, изгледајќи како да нема да наседне на овој трик во кој Норт употребила само филтер.

„О мој Боже, Чи, оди погледни се во огледало“ - го продолжи Норт својот пренк.

Малата сестра заминала пред огледало, но Норт и понатаму не се откажувала, тврдејќи дека огледалото е скршено.

„Истриј го лицето и обиди се да го поправиш“ - предложила таа.

Целата ситуација, погледнете ја видеото во продолжение, и погледнете како завршил пренкот на Норт:

@kimandnorth

original sound - Kim and North

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: