Норт се маскираше во Канје Вест: Видеото кружи на социјалните мрежи, јавноста е во шок

Норт се маскираше во Канје Вест: Видеото кружи на социјалните мрежи, јавноста е во шок

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на Ким Кардашијан, на ТикТок редовно покажува интересни моменти од нивниот живот...

Во една од последните објави на Тикток профилот, кој го дели со мајка ѝ, 9-годишната Норт Вест се маскираше во својот татко, познатиот рапер Канје Вест.

Видеото кое го објави ги покажува мајката и ќерката како се забавуваат на песната „Baund 2“, додека Норт, за која обожавателите со години зборуваат дека личи на музичарот, со нацртана брада, здебелени веѓи, плетенки и капа на главата, уште повеќе потсетува на повеќекраткиот добитник на Греми.

Од друга страна, Кардашијан носи хромирани очила за сонце, црна маица и кожени панталони, а на дното нав идеото се напишани зборовите „Bound Baby“, како алузија на наследничката на некогаш најпознатата двојка на светот.

@kimandnorth

Bound - Asawa ni mae

Ким го оневозможила коментирањеот на видеото, но истото собра 8,6 милиони лајкови, а досега го имаат погледнато повеќе од 57 милиони луѓе. Исто така, Канје неодамна за „Daily Mail“ кажа дека не сака неговите деца да снимаат видеа за ТикТок, ниту да имаат профили на оваа социјална мрежи, но познатата ријалити ѕвезда на својата најстара ќерка, ѝ го дозволи тоа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: