Норт Вест нурнува во претприемачките води: Еве каков бизнис ќе започне
Иако уште нема ни 10 години, мама Ким ги има препознаено нејзините таленти и одлучи малку да ја „поттурне“...
Благодарение на редовните објави на социјалните мрежи, не можевме да не забележиме дека Норт Вест има посебна љубов кон шминкањето и негата на кожа.
Оваа наскоро 10-годишна девојка, на ТикТок има повеќе до 15 милиони следбеници, па можеме да кажеме дека Норт е инфлуенсерка во подем, а тоа го препозна и нејзината мајка Ким.
@kimandnorth Heaven
Until I Found You (Sped Up) - Heaven When I Held You Again How Could We Ever Just Be Friends - Hiko
Бидејќи Ким има добро сетило за бизнис, изгледа дека одлучила својата малолетна ќерка да ја „поттирне“ во претприемачките води. Според пишувањата на американските таблоиди, Ким поднела четири нови трговски марки под името на нејзината ќерка до Канцеларијата за патенти и трговски марки во САД.
Првите две се однесуваат на линија за нега на кожа со планови за проширување на производи со нега за тело, козметика и парфеми, додека другите два заштитни знаци се регистрирани за рекламни и забавни услуги.
Најверојатно наскоро на пазарот ќе гледаме линија производи како серуми за кожа, гелови за туширање или мирисни лосиони со потписот на Норт Вест.
Богатството на Ким Кардашијан се проценува на повеќе од милијарда долари, а изгледа дека таа полека го подготвува своето најстаро дете за да го преземе и да управува со него.
фото: Принтскрин / Инстаграм