Нов опасен тренд: Се шири видео од Хрватска со кое се предупредува да не го правите тоа што го прави ова младо момче

Нов опасен тренд: Се шири видео од Хрватска со кое се предупредува да не го правите тоа што го прави ова младо момче

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Некои трендови подобро е да се заобиколат...

Не секоја идеја која ќе ти падне на памет е добра. Особено ако станува збор за некоја која го загрозува твојот живот или животот на другите луѓе. Затоа, еден возач одлучил да го сподели ова видео со надеж дека ќе се пронајде момчето и дека ќе добие лекција од родителите, за повеќе да не го прави ова.

Толку често случаме дека поради сообраќајните несреќи се изгубени млади животи, сите тагуваат, а потоа ќе се појави некое вакво видео. Ниту самиот сопственик на видеото не е сигурен дали станува збор за тренд или само многу глупава идеја, на која се сетила една млада личност, но сакал да го објави и да им го привлече вниманието на сите. Особено на оние кои живеат во Осиек и возат автомобил. Поради социјалните мрежи и популарноста на нив, некогаш луѓето се подготвени да прават глупости кои се опасни, а ова е една таква. Додека во вечерните часови се возел со автомобил низ Осиек, изненадно, на среде улица, се појавија глетка која го шокирала - момче седи на столче на среде улица. И не мрда.


Да возел попрво, можеби не би успеал да закочи. Возачот одлучил да го сподели видеото и да ги предупреди другите возачи кои поминуваат тука, но и да помогне да се пронајде момчето од видеото за неговите родители да можат да видат што прави, и се надева, дека веќе преземале некоја мерка. Но, исто така, ова е и предупредување за другите родителите да го спречат ширењето на ваквите предизвици. Освен што е опасно за личноста која го прави предизвикот, опасно е и за возачите. Последиците во овој случј многу лесно можеле да бидат кобни. Некои во коментари пишуваат дека помислиле на тоа дека видеото е наместено поради тоа што моментот успеал да го улови со камера, но ниако не е, туку станува збор за тоа дека некои луѓе едноставно имаат камера во автомобилите, која работи секогаш кога го возат, за да бидат осигурани ако нешто се случи.

Во секој случај, колку и да изгледа кул сево ова, немој ниту случајно да го направиш.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: