НОВ ПРОЕКТ: Ќе ги врати ли LOL тинејџерите на Фејсбук?

НОВ ПРОЕКТ: Ќе ги врати ли LOL тинејџерите на Фејсбук?

Веќе неколку години наназад тинејџерите свесно го игнорираат, па „Фејсбук“ го користат само повозрасните. Последниве неколку години од оваа социјална мрежа се обидуваа да го решат проблемот, но ништо не постигна значаен успех.

Сепак од „Фејсбук“ не се откажуваат од идејата да си ги вратат тинејџерите. Со оглед на тоа колку се актуелни GIF-овите и мемињата, најновите информации откриваат дека „Фејсбук“ работи на нова функција наречена LOL.

За LOL не се открива многу освен тоа дека е наменет за тинејџерската публика и дека во моментов го тестираат 100 бета тестери. Од „Фејсбук“ откриваат дека сè уште не се знае дали LOL ќе биде дел од основната апликација или ќе биде посебна апликација, а не се открива ни информацијата кога би се појавила во поширока употреба.

Засега се знае само дека новата апликација на „Фејсбук“ има неколку делови, дел посветен на мемиња, дел посветен на видеа и дел посветен на GIF-овите. Останува да видиме дали LOL ќе успее да ги врати тинејџерите на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира: